Поврзете се со нас

Англија

Солскјер: Де Хеа е најдобриот голман на светот

Објавено

на

Норвешкиот стратег, Оле Гунар Солскјер смета дека Давид Де Хеа е најдобриот голман на светот.

Шпанскиот голман знае да направи неочекувани грешки и да добие сериозни критики за тоа, а последниот кој удри по него беше Рој Кин и тоа поради голот што го прими против Тотенхем.

Поради тоа се почество во јавноста се споменува Дин Хендерсон како опција за Јунајтед, односно да се врати од позајмицата од Шефилд Јунајтед и да застане меѓу стативите на клубот од „Олд Трафорд“. Сепак Солскјер и понатаму му верува на Шпанецот кој дефинитивно ќе остане број еден.

-Давид е најдобриот голман на светот. Тој прими само два гола на последните седум натпревари кои ги одигра за нас. Против Сити, Челси, Тотенхем, Евертон, два гола на седум натпревари. Оној против Евертон е чуден, овој не можеше да го фати, прави одлични одбрани, носи победи и сè уште најдобриот голман на светот.

-Работи напорно, не прави грешки на тренинзите. Задоволен сум од неговата работа. Тој имаше неколку фантастични сезони и мислам дека не е лошо ако примите два гола на седум натпревари, имаше победнички интервенции.

-Тој ни донесе бод против Тотенхем со таа одбрана, ментално тој е многу силен чувар, ама јас зборувам со него секој ден, добро е, -истакна тренерот на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни