Поврзете се со нас

Лига Европа

Солскјер даде најбизарно објаснување за лошите резултати на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед утре го игра реваншот со Гранада во Лигата на Европа, а иако фаворитот има комотна предност од 0:2 во пресрет на натпреварот, новинарите не заборавија да го потсетат Солскјер на фактот дека неговиот тим се мачи да победува на домашен терен.

Јунајтед одигра две реми средби во првите две нокаут рунди со Реал Сосиедад и Милан во Лигата на Европа, а не треба да се заборави дека тимот на Оле имаше навистина ужасен старт на сезоанта на домашен терен и во Премиер лигата каде освои само еден бод во првите четири натпревари.

Солскјер денеска даде едно поприлично бизарно објаснување за лошата форма која ја имал неговиот тим во тој период, посочувајќи дека црвените банери и седишта на „Олд Трафорд“, надополнети со црвените дресови, буделе деконцентрација кај неговите фудбалери.

– Навистина го разгледувавме ова. Не треба да има вистинска причина, но вистината е дека дел од играчите спомнаа дека во дел од секундата кога треба да се донесе брза одлука, црвениот дрес, црвените седишта не помагаат.

– Сега гледате дека има промена, ако ги погледнете банерите, веќе не се црвени. Не треба да има вистинска причина, но факт е дека сме подобри во последно време. Сфативме дека е важно и банерите веќе не се црвени, – порача Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни