Поврзете се со нас

Лига Европа

Солскјер бил запознат со ужасната пенал серија на Де Хеа: Мислев да го променам, но…….

Објавено

на

Давид Де Хеа се претвори во вистински трагичар во големото финале во Лигата на Европа, не само поради тоа што не одбрани ниту еден од 11-те удари на Вилјареал, туку и поради фактот што го утна својот пенал во 11-та серија која се покажа и како последна.

Шпанскиот чувар на мрежата беше прочитан од својот колега Рули и Вилјареал почна да ја слави својата прва голема титула во клупската историја, откако наспроти сите најави и прогнози, успеа да го победи големиот фаворит во финалето во Лига Европа. По нерешените 1:1 во регуларниот дел, Јунајтед не направи разлика во дополнителните 30 минути игра, а потоа видовме епски пенал рулет во кој видовме 21 последователна реализација, пред Де Хеа да не го реализира ударот од 11 метри.

Нереализираниот пенал и не е преголемо изненадување ако се земе во предвид дека станува збор за голман, но податокот кој излезе после финалето е неверојатен и фрапантен, а истиот потенцира еден голем недостаток на Де Хеа кога се најстрогите казни во прашање. Де Хеа нема одбрането пенал од 2016-та година, па постот од пет години сега го надополни со статистика која вели дека примил 40 гола како чувар на мрежата на последните 40 пенали кои му биле шутнати.

Оле Гунар Солскјер реши да му верува на Де Хеа иако во последно време негов прв голман во Премиер лигата беше Хендерсон, а Норвежанецот призна дека поради лошата статистика на Шпанецот, пред финалето размислувал да ја промени својата првична идеја и да му даде шанса на помладиот голман.

– Пред едно финале, сите сценарија ви проѓаат низ глава, вклучувајќи ги и пеналите. Секако дека пред финалето помислив на промена на голот, но јас верував во Давид и бевме подготвени за тоа. Во еден пенал рулет, се може да се случи, на крајот останав со голманот кој го играше цел натпервар, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни