Поврзете се со нас

Свет

Соло бравура за паметење: Баумгартнер мина како „шило“ и го постигна најбрзиот гол во историјата на фудбалот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/oefb1904

Австрија ја победи Словачка на гостувањето во Братиславата со резултат 0:2, но овој пријателски меч ќе се памети по голот кој е убедливо најбрз во историјата на репрезентативниот фудбал.

Гостите од Австрија успеаја да дадат гол при првата акција во мечот, а во дадениот случај се работеше за соло-бравура на Баумгартнер кој почна да дрибла од средината на теренот, пред да испрати неодбранлив шут во мрежата на Словаците.

Австрискиот фудбалер погоди по шест секунди игра и тоа е најбрз гол кој е постигнат во историјата на репрезентативниот фудбал, оставајќи го зад себе досегашниот рекорд на Лукас Подолски.

Поранешниот германски репрезентативец постигна гол за 7 секунди против Еквадор во 2013-та година, а за да биде уште поинтересно, неговиот учинок беше израмнет вечерва.

Флоријан Вирц погоди по седум секунди игра против Франција, па вечерва ги добива два од трите најбрзи погоди некогаш видени во репрезентативните пресметки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни