Поврзете се со нас

Франција

Солер за преминот во ПСЖ: Не сакав да си заминам од Валенсија, ама клубот…

Објавено

на

Карлос Солер беше еден од најпрепознатливите лица на Валенсија во изминативе години и заедно со Хосе Гаја беа лидери на овој тим, но шпанскиот репрезентативец минатово лето го напушти клубот и се пресели во редовите на Пари Сен Жермен.

Тоа дефинитивно беше разочарување за навивачите на „лилјаците“, ама и за самиот фудбалер кој признава дека сакал да остане во екипата, меѓутоа раководството не сакала да му даде она што го посакува, долгорочен договор.

-Кон крајот барав долгорочен договор бидејќи сакав практично се да врзам. Од 25 до 33, 34 или 35 години да се посветам на Валенсија доживотно. Клубот ја има оваа филозофија и не сака да нуди договори подолги од одреден број години. Размислував поинаку и клубот никогаш не се приближи до она што го барав во однос на годините и тој договор не беше постигнат.

-Има многу луѓе, мене тоа ме нервира кои сè сведуваат на пари, а работите навистина не се такви. Можам тоа да го кажам. Барав долгорочен договор со Валенсија, барав амбициозен проект за настап во Лигата на шампионите и финансиските услови исто така. Очигледно, јас сум фудбалер и така заработувам за живот.

-На крајот му реков на клубот дека не сакам да си заминам бесплатно затоа што многу му должам. Тоа е она што им го кажав н претседателот и тренерот. Потоа на крајот од „прозорецот“ дојде можност да одим во Пари Сен Жермен,  се договоривме и јас си заминав, -вели искрениот Солер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни