Соколов и Маслинко и понатаму ќе бидат „штркови“

Rabotnicki-MZT20181

Македонскиот вицешампион, МЗТ Скопје полека влече конкретни потези и го гради тимот за следната сезона. Веќе беше потврдено дека тимот останува да го предводи Ѓорѓи Кочов, но и дека во старата средина по една година мината во странство (Словенија во Илирија) се враќа центарот Љубомир Младеновски.

Денеска пак составот од Аеродром потврди оти македонските репрезентативци, Андреј Маслинко и Дарко Соколов остануваат во истата средина. Маслинко минатата сезона настапи на 22 средби во домашното првенство со просек од седум поени и 4,9 скока додека во АБА-лигата одигра 14 натпревари.

Соколов пак имаше просек од 7,5 поени и 2,3 скока на 25 меча во сино-белиот дрес во домашното првенство, а пак во регионалното натпреварување реализираше 6,1 поен и 2,3 асистенции.

МЗТ воедно информираше дека се водат преговори за продолжување на соработката со Дамјан Стојановски и Марко Симоновски.

Facebook Коментари