„Соколите“ останаа без крилја во „Јане Сандански“, Нижни им одржа брутална лекција

Solnok-Karpos

Карпош Соколи едноставно нема по добро да го памети денешниот домашен натпревар со рускиот тим Нижни Новгород, бидејќи во второто коло од Еврокупот на ФИБА доживеа тежок пораз кој најдобро го одразува конечниот резултат од средбата.

Рускиот тим едноставно ги сомле „соколите“ и буквално им ги скрати крилјата во секоја гледна точка на теренот, па така со брутални 67:101 си замина од малата сала во „Јане Сандански“ каде се играше вечерашниот меч. Неизвесни беа само првите пет минути од мечот во кои македонскиот вицешампион се обидуваше да парира, но разликата во квалитет беше јасна уште на полувремето кога Нижни замина со предност од 28 поени (30:58).

Јеловац со 20 поени беше најдобар поединеце на паркетот, а единствено солидни во тешката ноќ за „соколите“ беа Кирер Николовски со 13 и Мекфејден со 12 поени.

Facebook Коментари