„Соколите“ му парираа на Нижни само едно полувреме

Sokolov-Nizhni

Карпош Соколи доживеа уште еден пораз во ФИБА Еврокупот и тоа на гостувањето кај Нижни Новгород со убедлив резултат 95:70.

Македонскиот претставник во групната фаза одигра солидно во првото полувреме по кое домаќините водеа со минимални 46:45, а проблемите дојдоа во третиот период кога Нижни почна да прави позитива која ја зголемуваше до самиот крај за конечни 95:70.

Ако за рускиот клуб ова е трета победа во групата, Карпош Соколи го доживеа и петтиот пораз во исто толку натпревари и е закован на дното во конкуренција на четири екипи.

Захаров со 30 поени бил најефикасен во редовите на Нижни, додека кај Карпош, Лабовиќ реализирал 23 поени.

Facebook Коментари