МАГАЗИН
Сојузот на спортови ги додели наградите 13 Ноември

Сојузот на спортови Скопје оваа година ја додели наградата 13 Ноември на предлог на Комисијата и со одлука на Управниот одбор на Сојузот. Сојузот на спортови на Скопје ги доделува овие награди повеќе од 50 години, а оваа година врачувањето на наградите е поразлично од претходно поради вонредните услови кои што ги наметна пандемијата од Ковид-19.
Наградата 13 Ноември на Спортист се доделува на спортистот Игор Димовски, кој што е долгогодишен активен спортист -триатлонец и маратонско пливање, за освоена шампионска титула во Триатлон, со забележителни резултати на меѓународни триатлон натпревари и за препливувањето на Ламанш.
Наградата Спортски работник се доделува на Александар Петровски, познат репрезентативец, спортски работник, тренер во ракометниот спорт, директор на спортски центар “Борис Трајковски”.
Сојузот на спортови на Скопје ја доделува наградата Спортски работници за Животно дело на примариус д-р. Нада Темелкоска, спортски лекар во заводот за спортска медицина, Ристо Петров, спортски работник, тренер и дел од градскиот кугларски сојуз и во Кугларската федерација на Македонија, Петар Шумановски, еден од главните носители на стрелачкиот спорт во Скопје и Mакедонија и на Марјан Начевски, врвен ракометен спортски работник, судија и делегат.
Наградата 13 Ноември за помагање, и поддршка на спортски натпревари и настани припадна на Дејан Трајковки началник на МВР на Р.Македонија, за особен придонес, помош и поддршка на организацијата на програмите на сојузот и воопшто на спортот, особено атлетските улични трки и ВИЗ ЕР Скопски маратон, Скопје трча 10 к. Женска трка, Скопје на Точак, велосипедски активности, училишниот спорт и секаде каде што треба поддршка и помош од страна на полицијата во организацијата на спортот.
Сојузот на Спортови на Скопје наградата 13 Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот и спортската рекреација во Скопје, ја додели на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за особени заслуги за поддршка и помош што ја дава за развој и унапредување на спортот и спортските активности во Град Скопје.
Од Сојузот на спортови Скопје се надеваат дека наредното доделување на наградите 13 Ноември ќе се одвива во здравствено безбедносна состојба, без пандемија и со многу спортски случувања.

- НБАпред 21 час
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- Францијапред 22 часа
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Италијапред 23 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Светпред 19 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Шпанијапред 21 час
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Формула 1пред 22 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата
- Шпанијапред 20 часа
Куман за чудесната рехабилитација на својата млада ѕвезда во тимот: Некои работи не можат да се објаснат