Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Соиграчот на Николов кој го уништи Реал: Не ми се верува, 100 пати го прегледав голот (Видео)

Објавено

на

Екипата на Шериф Тираспол во вторникот приреди вистинска сензција откако сред Мадрид славеше против гигантот Реал со 2:1.

Молдавскиот претставник ја реализираше сензацијата на деценијата со победата на „Сантијаго Бернабеу“, а јунак на истата беше Себастиен Тил кој го постигна победничкиот погодок.

За победата да биде уште поспектакуларна, голот на Тил беше вистински „убавец“ и уште долго ќе се врти на најавните шпици.

Сега, неколку дена по неверојатната победа, Тил посочи дека се уште не може да поверува што направил и истакна дека над 100 пати го прегледал својот гол.

– Сите мои пријатели ги поставија снимките на социјалните мрежи и голот го гледам кога и да го земам телефонот во рака. Го прегледав над 100  пати.

– По ова веројатно многу повеќе луѓе во Луксембург знаат кој сум. Голот е чудесен, најубав и најзначаен во мојата кариера. Како деца сите сонувавме за ова, но прво воопшто не бев свесен дека дадов победнички гол на „Бернабеу“, -изјави 27 годишниот Тил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни