НБА
Соиграчите се фаќаа за глава по забивањето на Јанис, Кари донесе победа за Голден Стејт (Видео)

НБА програмата изминатава ноќ во Америка беше поскромна од вообичаеното, но сепак имаше неколку интересни пресметки на кои сепак немаше финална драма.
Милвоки ја оправда фаворитската улога и издоминира на гостувњаето во Индијанаполис, пред се благодарение на расположениот Јанис Адетокумбо кој режираше и атракција во последната четвртина.
Гркот го заврши мечот со 41 поен, 12 скокови и 6 асистенции, но најбрутален беше потегот во последниот период кога неговото забивање предизвика екстаза меѓу соиграчите.
Неговото добро издание беше клучно во триумфот од 131:141 над Индијана, а победа оствари и Голден Стејт кој на домашен терен беше подобар од Торонто.
Стеф Кари беше лидер во победата од 129:117 со 35 поени и 11 асистенции, но поддршка имаше и од Клеј Томпсон кој запиша 29 поени.
Evet, bu uçan insan Giannis Antetokounmpo!🚀pic.twitter.com/YPDmWmonPV
— Sporxtv (@sporxtv) January 28, 2023
Останати НБА резултати:
Минесота – Мемфис 111:100
Мајами – Орландо 110:105
Оклахома – Кливленд 112:100
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 24 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)