Поврзете се со нас

Шпанија

Соиграчи на Димитриевски ги копираа Меси и Суарез од белата точка, па режираа глупост на „Валјекас“ (Видео)

Објавено

на

Рајо Валјекано не успеа да оствари победа над Џирона на домашен терен, а големи виновници за тоа се Оскар Трехо и Иси Пиазон од редовите на домашниот тим.

При резултат 2:1 во првото полувреме, соиграчите на Столе Димитриевски решија да прават трик од белата точка, односно ја копираа финтата на Лионел Меси и Луис Суарез од пред неколку сезони.

Наместо да шутира, Трехо ја додаде топката до својот соиграч, но Иси ја испрати топката над голот и пропушти огромна шанса да зголеми на 3:1.

Тоа што требаше да претставува хит во Шпанија се претвори во глупост, па Џирона знаеше како да казни и се избори за бод во продолжение.

На самиот старт на вториот дел, гостите израмнија преку Циганков на 2:2 и ова беше конечен резултат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни