Поврзете се со нас

Балкан

Соиграч на Велковски постигна четири голови, но Ријека остана без квалификации за ЛШ

Објавено

на

blank

Ријека го заврши својот дел од работата во последното коло на хрватското фудбалско првенство, но победата со 4:2. над Истра не беше доволна за освојување на второто место.

Тимот на нашиот Дарко Велковски се бореше за место во квалификациите за Лигата на шампионите, а покрај победата, на Ријека и беше потребно Осијек да не загуби од Локомотива.

Но, Локомотива, клуб филијала на шампионот Динамо успеа да дојде до победата 1:2 со автогол во 88. минута и на тој начин го постигна најголемиот успех во својата клупска историја.

Бадијала беа и четирите погодоци на Мирко Чолак од екипата на Ријека и добрата партија на Велковски кој одигра 80 минути, кога на крајот Локомотива стигна до победата и второто место на табелата.

Динамо одамна ја обезбеди титулата, додека пласман во Лига Европа обезбедија и Осијек и Хајдук.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни