Соиграч на Суарез од репрезентацијата на Уругвај потврди: Тој ќе се пресели во…

lodeirosuarez

Од Барселона веќе подолг период се во постојана потрага по долгорочна замена за Луис Суарез.

Уругвајскиот интернационалец полека влегува во финалните години од играчката кариера, и многу веројатно ќе го напушти клубот следната или годината по неа за да проба уште еден предизвик пред и официјално да стави крај на кариерата.

Неговиот соиграч од репрезентацијата на Уругвај, Николас Лодеиро истакна дека Суарез има голема желба да заигра во МЛС Лигата.

– Суарез сака да игра во МЛС Лигата. Кога сме во репрезентацијата често зборуваме за тоа, за квалитетот на првенството, градовите и животот во Америка. Тој своите соништа ги оствари играјќи за Барселона, каде покажува неверојатно ниво и каде се чувствува прекрасно. Но, порано или подоцна, тој ќе се пресели во МЛС Лигата, мислам дека тоа е само прашање на време. Искрено се надевам ќе оди во клубот во кој јас ќе играм во тој момент, макар што тоа може да биде проблематично, -изјави Лодеиро кој во моментов настапува за тимот на Сиетл Саундерс.

Facebook Коментари