Поврзете се со нас

Италија

Соиграч на Пандев во фокусот: Неговиот татко руинирал автомобили во тренинг центарот на Рома!

Објавено

на

Џенова обезбеди опсанок во Серија А и исклучително мирно ги пречека последните две кола во сезоната, а сега во пресрет на завршната рунда која е на програмата претстојниот викенд, ни пристигна една неверојатна вест од Италија.

Во центарот на вниманието се најде соиграчот на Горан Пандев од нападот во Џенова, но не по негова вина, туку поради постапките на неговиот татко кој очигледно не и простил на Рома за тоа како се однесувала со Џанлука Скамака.

Младиот 22-годишен напаѓач постигна осум гола за Џенова по одиграни 37 кола и потврди дека поседува потенцијал, кој сепак не му беше дозволено да го покаже во Рома каде не доби шанса во првиот тим.

Повеќе од јасно е дека Скамака не се разделил баш најдобро со претстаниците на „волчицата“, бидејќи сега неговиот татко Емилијано влегол во тренинг центарот на Рома и руинирал четири или пет автомобили на директорите на клубот со метална шипка во своите раце.

Како што јавуваат италијанските медиуми, ова се случувало за време на тренингот на младинскиот тим на Рома, а Емилијано бил облечен во дрес на Сасуоло и немал никаква документација во себе кога пристигнале надлежните органи. Таткото на Скамака е приведен во полиција, па таму ќе се откриваат точните мотиви за неговиот чин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни