Италија
Соиграч на Пандев опиша каков човек е „арогантниот“ Роналдо
Кристијано Роналдо се врати во Торино и ќе мора во наредниот период да мине нова изолација пред да се врати на тренинзите кои веќе почнаа да ги закажуваат клубовите во Италија, а во меѓувреме, доби неочекувана пофалба од еден поранешен соиграч кој сега ја дели соблекувалната со нашиот Горан Пандев.
Матија Перин се врати во Џенова во зимскиот преоден рок со цел да ја врати минутажата која дефинитивно му недостасуваше во Јувентус, но сега соиграчот на Пандев се најде во фокусот во Италија откако на Инстаграм вклучувањето детално опиша какво мислење има за Португалецот кој многумина го доживуваат како арогантен.
– Роналдо дефинитивно не е арогантен, за тоа можам да сведочам. Во текот на изминатото лето, кога заминав за Португалија да потпишам со Бенфика, тој ми помогна да си најдам дом. На крајот трансферот не се случи, но тој ми помогна во секој поглед, – открива Перин и додава.
– Ми порача дека правам добар избор и даде навистина добри препораки за мене. Тоа не го прави секој, можам да кажам дека тој секогаш е отворен и присутен за секој во соблекувалната. Тој е топ играч, но и одличен човек, – завршува Перин.
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)