Соиграч на Николов настрада од крвнички старт на фудбалер на Дуделанж (Видео)

videoton-dudelange

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и неговиот тим Видеотон потешко од очекувањата го елиминираа шампионот на Луксембург, Дуделанж, во двомечот кој овие екипи го одиграа во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Унгарскиот првак победи на домашен терен со 2:1 што беше доволно за пласман понатаму, а по лошо овој натпревар ќе го памети Мате Паткаи. Во судиското надополнување, фудбалерот на Видеотон заработи силен удар со две нозе од противничкиот фудбалер Мелис кој веднаш доби црвен картон.

Facebook Коментари