Лига на шампиони
Соиграч на Миовски ја креираше утката на сезоната во ЛШ, Македонецот се фаќаше за глава (Видео)
Бојан Миовски повторно е стартер на натпревар кој го игра Џирона, а Македонецот беше дел од акцијата во која негов соиграч по се изгледа го режираше промашувањето на сезоната во Лигата на шампиони.
Шпанскиот претставник не реализираше колосална шанса за предност во првите 45 минути од мечот против Штурм Грац, епилог по кој сензација на социјалните мрежи стана Иван Мартин.
Соиграчот на Миовски доби идеално додавање од Брајан Хил, но кога требаше да ја проследи топката во празната мрежа, тој го префрли цел гол и ги шокираше сите свои соиграчи, вклучувајќи го и Миовски кој се фаќаше за глава.
Несфатливото промашување веќе на големо се врти на социјалните мрежи, а фановите со неверица го коментираат потегот како утка на сезоната во најелитното натпреварување.
За да биде уште полошо, Штурм на стартот на вториот дел постигна гол за 1:0, па Џирона по 60 минути игра има негатива во Австрија.
Que atire a primeira pedra quem nunca falhou uma destas 🪨 #DAZNChampions pic.twitter.com/5LCFxiswOm
— DAZN Portugal (@DAZNPortugal) November 27, 2024
-
Лига на шампиони24 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Англија23 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Шпанија13 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Шпанија15 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија23 часа
Мајстори за прекини: Арсенал преку два корнери до победа над Јунајтед (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Аморим: Постоеше само една разлика меѓу Арсенал и Јунајтед