Поврзете се со нас

НБА

Соиграч на Јокиќ се поздрави со Вембањама, па на сите им ја кажуваше истата работа (ВИДЕО)

Објавено

на

Денвер Нагетс го совлада Сан Антонио Спарс со 132:120 и тоа во меч во кој најдобри на двете страни беа играчи кои доаѓаат од Европа и тоа Никола Јокиќ и талентираниот Виктор Вембањама.

Јокиќ имаше подобро издание, покажа што значи искуство и квалитет, меѓутоа и Виктор забележа партија со која заработи комплименти.

Вембањама навистина е еден чуден прототип на играч, со страшни предиспозиции, ас од кој се очекува да ја промени и играта. Токму Французинот шокираше еден од домашните играчи Џејлен Пикет со кого се најдоа на истиот овогодишен драфт со тоа што центарот беше прв пик, а плејмејкерот беше избран во втората рунда како 32 пик.

Пикет се поздрави со колегата и притоа беше шокиран од големината на дланката на ѕвездата на Спарс, односно истата работа им ја кажа на неколку свои соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни