Поврзете се со нас

Германија

Соиграч на Хаверц ја обелодени дестинацијата за која сонува најбараниот играч во Европа

Објавено

на

Каи Хаверц во овој момент е најбаран играч во Европа поради фактот што Баер Леверкузен даде зелено светло за негов трансфер ова лето, уште повеќе откако клубот не избори пласман во Лигата на шампионите за наредната натпреварувачак сезона.

Крајот на Бундеслигата ни донесе огромно раздвижување на трансфер пазарот, бидејќи по преселбата на Тимо Вернер од Лајпциг во Челси, Баерн Минхен во текот на денешниот ден и официјално го потврди ангажманот на Лирој Сане од Манчестер Сити. Според најавите, следен кој ќе направи голем трансфер од Германија е Каи Хаверц, младата ѕвезда на „фармацевтите“ за која се бори пола Европа, а која според изјава на неговиот соиграч Вендел сака да игра во Премиер лигата.

Пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, „Билд“ тврдеше дека Хаверц ќе заврши во Баерн, но сега се поверојатно е дека негова следна дестинација ќе биде Премир лигата, или поточно Челси кој се издвојува како најзагреан за негов ангажман.

– Психолошки гледано, Германците се многу фокусирани и посветени луѓе и на крајот го остваруваат тоа што го замислуваат. Ако замине во Премиер лигата, тој ќе научи многу во тоа првенство. Каи сонува да игра во Премиер лигата и сигурен сум дека ќе биде многу успешен во Англија, – открива дефанзивецот Вендел и додава.

– Хаверц е комплетен играч, може да го играте како 9-ка, како 10-ка, па дури и на крилата. Има добар финиш со двете нозе и едноставно нема слабост во играта,  – додава Бразилецот кој настапува како лев бек за „фармацевтите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни