Поврзете се со нас

Германија

Соиграч на Халанд ја откри тајната за неговиот успех: Мене тоа малку ме нервира, но тој…

Објавено

на

Младиот норвешки фудбалер од редовите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е топ тема во Германија, но и во европскиот фудбал оваа сезона.

19 годишниот напаѓач прикажува одлични настапи и редовно ги полни противничките мрежи и токму затоа е страв и трепет за секој голман.

По неговиот трансфер од Салцбург во Дортмунд овој јануари, Халанд продолжи да ги „тероризира“ голманите, а сега во интервју за германските медиуми неговиот соиграч од Дортмунд, Томас Дилејни ја откри тајната за ваквата негова форма.

– Секојдневно гледам младо момче кое прави се што може за да се подобри. Некогаш знае да биде непријатен затоа што се мора да биде совршено, од храната која ја јаде, до тренинзите. Тоа малку и нервира.

– Мислам дека дефинитивно го користи и тоа што има фудбалски луѓе околу себе, посебно неговиот татко, тој знае како функционираат работите во фудбалот и постојано му дели совети, -изјави Дилејни.

Ерлинг Браут Халанд по неговиот трансфер во Борусија Дортмунд овој јануари на 14 средби запиша 13 погодоци и многумина веруваат дека тој нема уште долго да издржи на „Сигнал Идуна Парк“ и дека наскоро ќе направи трансфер во некој од најголемите европски клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни