Соиграч на Елмас: Преку глава ни е од второ место, сакаме да ја освоиме титулата во Серија А

fauzi

Јувентус веќе доста време доминира во Серија А, а тоа дефинитивно почна да ги фрустрира противниците кои веќе и јавно почнаа да говорат за тоа.

Наполи во последниве години е веднаш зад „старата дама“, но токму во оваа кампања сакаат тоа да го променат и да ја вратат титулата на „Сан Паоло“.

-Многу не критикуваат, ама ние сме на нашиот пат пообединети од било кога. Секој сака да го победи Наполи и ние мора да бидеме горди што го претставуваме овој град. Навивачите мора да имаат само малку трпеливост. Сакам да го вратам Гулам од претходно. Морам да играм и оттаму да ја влечам самодовербата. Сега конечно наоѓам поголем континуитет во тренинзите. Ова е одлична лига, толку многу екипи се борат да победат. Толку многу шампиони се вратија во Серија А. Ние сакаме да освоиме нешто, во последните неколку години секогаш сме на второто место и не сме задоволни од тоа. Исто така сакаме добар резултат и во Лигата на шампионите, -истакна Фаузи Гулам.

Facebook Коментари