Поврзете се со нас

Англија

Соиграч на Елмас му се извини на Одегард кој заработи повреда на дуелот во Осло

Објавено

на

Мартин Одегард се движел со патерици по незгодната повреда на зглобот на дуелот меѓу Норвешка и Австрија во Лигата на нации, па се поверојатно е дека нема да може да му помогне на Арсенал на претстојното градско дерби со Тотенхем.

Норвежанецот е еден од клучните играчи во составот на Микел Артета, но го напушти теренот во Осло со солзи во очите, како последица на незгодната повреда за која и селекторот Солбакен истакна дека не изгледа добро.

Одегард ја доби повредата по дуелот со Кристоф Баумгартнер, кој реши јавно да му се извини на Норвежанецот за својот удел во она што може да донесе принудна пауза за креативниот играч од средниот ред.

– Сакам искрено да му се извинам на Мартин Одегард, никогаш немав намера да го повредам овој неверојатен фудбалер. Му посакувам се најдобро и брзо закрепнување, напишал соиграчот на нашиот Елиф Елмас во редовите на РБ Лајпциг.

Деновиве ќе биде познато колку е сериозен проблемот на Норвежанецот, а уште отсега е јасно дека Артета на дербито со Тотенхем нема да смета на суспендираниот Рајс и повредениот Мерино.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни