Поврзете се со нас

Шпанија

Соиграч на Азар обелодени дека имал тензичен разговор со Флорентино во подтрибинскиот простор на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Томас Мение е долгогодишен член на белгиската фудбалска репрезентација и ќе биде дел и од претстојното Европско првенство откако се најде на списокот на Мартинез, но во изминатите 24 часа го привлече вниманието и на шпанските медиуми со изјавата која ја даде во интеврјуто за националната белгиска телевизија.

Десниот бек кој сега настапува за Борусија Дортмунд претходно беше дел од моќниот тим на ПСЖ, период од кариерата кој ќе го памети и по еден несреќен дуел со Еден Азар по кој неговиот сонародник заработи повреда.

Мение доби жестоки критики и во својата родна земја по дуелот кој го имаше со Азар во 2019-та година, но сега открива дека првата забелешка за случајниот старт ја добил од Флорентино Перез.

– После тој натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, се упатив кон тунелот и го здогледав Флорентино Перез. Му подадов рака и му реков дека сум задоволен што го запознавам. Тој ме застана и ми се обрати на француски, не знаев дека знае да зборува француски.

– Задоволен што ме запознаваш? Ми велиш дека си задоволен откако го повреди Еден Азар, – ми одговори Перез, а тоа ме налути.

– Тоа беше дуел како и сите останати, а Еден немаше среќа. Му одговорив на Перез дека немаше никаква намера, но тој целата вина ја префрли на мене, – обелоденува дефанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни