Социјалните мрежи ,,горат”: По поразот од Дерби, Мурињо со нова професија!?

Murinjo-toopka

Второлигашот Дерби влезе како апсолутен аутсајдер во Карабао дуелот со Манчестер Јунајтед, но на крајот успеа да направи сензација без разлика на тоа што Фелаини израмни на 2:2 во 95-та минута. Момците на Лампард ја задржаа смиреноста и покажаа поголеми нерви во пенал рулетот кој го добија со 8:7.

На крајот, Жозе Мурињо мораше да се соочи со уште еден тежок удар, кој нема како да го оправда пред своите фанови.

Но, со последното видео кое излезе во јавноста, португалскиот стручњак по поразот од Дерби, дефинитивно може да смени професија-водоносач.

Facebook Коментари