Поврзете се со нас

Англија

Социјалните мрежи го „издадоа“: Дали Заха продолжува во Арсенал?

Објавено

на

Веќе извесен период во јавноста во Англија потајно се шпекулира дека Вилфред Заха би можел да го засили тимот на Арсенал.

Сепак, засега нема некои посериозни шпекулации кои го поврзуваат играчот со трансфер на „Емирејтс“, но тоа може да се случи по последните објави на социјалните мрежи.

Имено, 27 годишниот играч беше снимен во еден ноќен бар каде заедно со еден од гостите покажува кон знак на кој пишуваше „Заха во Арсенал“, а на видеото имаше наслов: -Јас и Заха имаме нешто да ви кажеме.

Момчето кое го објави ова видео потоа објави уште една фотографија на која беше со Заха, но овој пат го означи директно Арсенал и им упати директна порака.

– Арсенал, доколку не го донесете овој човек вие сте еб**о глупави, знаете дека за цената е лесно на денешниот пазар, -гласеше коментарот од момчето.

Сепак, Вилфред Заха брзо потоа демантираше дека сака трансфер во Арсенал посочувајќи дека не може да ги контролира сите во ноќен клуб и се дистанцираше од овие објави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни