Поврзете се со нас

Англија

Собослаи за иднината на Салах: Разговараме меѓу себе…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул оствари сигурна победа над Астон Вила во денешното соочување на „Енфилд Роуд“ во меч во кој еден од погодоците го даде летното засилување Доминик Собослаи.

Унгарецот стрелаше во раната фаза и потоа се беше полесно за „црвените“.

-Секогаш е убаво да се победи, дури и на гости, но дома не знам пред колку луѓе ми е драго што го постигнав мојот прв гол и ќе има уште повеќе. Секогаш е поинаку, на првиот домашен натпревар не започнавме најдобро, исто и против Њукасл не, па беше важно да излеземе добро и да завршиме со 11 играчи. Бевме сосема добри, дојдовме брзо до 2-0, потоа постигнавме гол и во второто полувреме,-рече Собослаи кој потоа говореше и за иднината на Мо Салах кој се поврзува со преселба во Саудиска Арабија.

-Знаете дека е фудбал, сите зборуваат. Навистина сме среќни што остана. Се разбира, разговараме меѓу себе, но тој сака да остане, сака да биде тука и да биде со нас. Навистина сме среќни – ни требаат луѓе во тимот како него, -заклучи офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни