Поврзете се со нас

Италија

Соблекувалната на Рома незадоволна, двајцата лидери се конфронтирале со раководството

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Отказот за Даниеле Де Роси и натаму е актуелна тема во Италија, а медиумите веќе потврдија дека ултрасите на „волчицата“ ќе го бојкотираат дебито на Иван Јуриќ на тренерската позиција во Рома.

Од друга страна, незадоволни од промената се и фудбалерите и соблекувалната не ја прифаќа одлуката за така брзо раскинување на договорот со Де Роси, иако екипата има освоено само три бода на четири натпревари.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека играчите на Рома биле обединети по ова прашање и се шокирани поради одлуката на раководството, а тоа било пренесено и преку двајцата тимски лидери.

Лоренцо Пелегрини и Џанлука Манчини имале жесток разговор со претставници на менаџментот и ја пренеле атмосферата во соблекувалната и незадоволството кај фудбалерите од првиот тим.

Една од темите на разговорот бил и фактот што раководството пред да ја соопшти одлуката, ги повикало на состанок аргентинските интернационалци Дибала и Паредес за да дознае какво е расположението кај нив во однос на статусот на тренерот. Искусните „гаучоси“ застанале зад Де Роси, но и тоа не било доволно за раководството да се повлече од идејата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни