Поврзете се со нас

Шпанија

Собирот во домот на Меси ги воодушеви фановите на Барса, но ги разлути шпанските власти (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси како капитен на тимот вчера беше домаќин на ручек кој тој го организираше во својот дом, а на кој присуствуваа речиси сите членови од првиот состав на каталонскиот гигант.

Во традиционален аргентински стил, Лео ги повикал своите соиграчи на скара за таканаречен „тим-билдинг“ во пресрет на одлучувачкиот дел од сезоната, во кој Барселона ќе брка четири победи на последните четири натпревари во обидот да стигне до титулата во Примера.

По важната победа на дербито на „Месталја“ против Валенсија, пред Барселона е уште едно големо дерби, она против Атлетико Мадрид наредниот викенд на „Камп Ноу“.

Токму поради тоа, Меси ги собра своите колеги и според медиумите „заглавиле“ во неговиот дом со часови, а дури се слушаше и скандирање на навивачки песни во кои се прогласуваат за шампиони.

Овој собир од капитенот ги израдува фановите на Барселона кои веруваат дека Аргентинецот е се поблиску до останување во клубот, но од друга страна, капитенот добива и жестоки критики од јавноста поради тоа што биле прекршени сите мерки за претпазливост од коронавирусот кои и натаму важат во Шпанија, поради што се бара истрага и казна од Ла Лига, но и од надлежните власти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни