Свет
Со солзи во очите: Поранешен ас на Ливерпул и Лацио ја заврши кариерата поради проблеми со срцето (ВИДЕО)

Во светот на спортот или поточно фудбалот има доста случаи кога поради одредени здравствени проблеми играчите едноставно се принудени да стават крај на своите кариери.
Последниот познат ас кој мораше да го направи тоа е некогашниот бразилски репрезентативец Лукас Леива. Големиот борец десет години беше дел од Ливерпул, потоа играше во Италија за Лацио за да пред неколку месеци се врати дома во Гремио, клубот во кој ја започна кариерата.
Меѓутоа во месец декември му беше дијагностициран срцев проблем по што беше принуден да замине во пензија за да го заштити здравјето и својот живот.
-Сакам да му се заблагодарам на Гремио за целата поддршка што ми ја даде во овие три месеци. Денес го најавувам моето пензионирање. Беше тежок период и мислам дека ова е прв пат да ме видите како плачам. Јас завршувам таму каде што сакав да завршам, но не како што сакав да завршам. Сигурен сум дека сега ќе се отвори ново поглавје. Се надевав дека ситуацијата ќе се подобри, ама не. Моето здравје е на прво место, -порача Леива со солзи во очите.
De cortar o coração 💔 Lucas Leiva se emocionou muito ao anunciar sua aposentadoria, devido a problemas cardíacos. Não sei vocês, mas o estagiário aqui chorou junto com ele 🥺
Crédito: Grêmio TV pic.twitter.com/YHX6Vi9vYE
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) March 17, 2023
-
Балканпред 15 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон