Поврзете се со нас

Германија

Со пари може да се купи сѐ: Германија прави историска промена и се разделува со „Адидас“ после 7 децении! (Фото)

Објавено

на

Спортскиот бренд „Адидас“ е симбол за германската фудбалска репрезентација и своевремено имаше многу тврдокорни закони во првиот тим, па така дури и играчите кои имаа други спонзори мораа да носат копачки од „Адидас“ кога настапуваа на големите натпреварувања како Светско и Европско првенство.

Тоа беше случај пред неполни 20 години, а сега Германците дојдоа до ситуација да се откажат од својот историски и братски партнер, со кого имаа соработка нешто повеќе од седум децении.

„Адидас“ од 2026-та година веќе нема да биде прв спонзор на сите национални селекции на Германија, бидејќи фудбалската Федерација на оваа земја се одлучила за огромна и сензационална промена, склучувајќи договор со најголемиот ривал „Најк“.

Американската компанија ќе биде заштитен знак и ќе ги изработува сите германски дресови од 2027-ма до 2034-та година, а првиот човек на Федерациајта не крие дека ќе дојде до промена бидејќи „Најк“ понудил убедливо најдобар финансиски пакет.

– Најк ја претстави убедливо најдобрата економска одлука, но за изоносот сепак нема да откриваме детали, – изјави претседателот на Управниот одбор на германската Федерација, Холгер Бласк.

– Иднината изгледа добро за нас со партнер како „Најк“. Идната соработка ќе и овозможи на Федерацијата да ги оствари најважните работи во следната декада, а „Најк“ ќе придонесе да уште поголем развој на фудбалот во Германија. Кажувајќи го ова, истовремено една работа останува кристално јасна. До декември 2026-та година, ќе направиме се што треба за да го продолжиме успехот со нашиот долгогодишен партнер „Адидас“, на кој германскиот фудбал му должи многу поради соработката која трае повеќе од седум децении, – гласи изјавата на претседателот на ДФБ, Бернд Нојндорф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни