Поврзете се со нас

Англија

Со доаѓањето на Гундоган, Пеп го пречкрта играчот од 60 милиони

Објавено

на

Илкај Гундоган се врати во својот Манчестер Сити, што значи дека на Матеус Нуњез ќе му биде дозволено да го напушти „Етихад“.

Португалецот минатото лето пристигна токму како замена за Гундоган, кој како слободен играч замина во Барселона, но со неговото враќање, Нуњес е прекуброен.

Португалецот не се снајде најдобро во системот на Пеп, тој најмногу добиваше шанса од клупата и играше куп натпревари, па не е неочекувано да се најде на трансфер листата.

Она што е особено интересно е што Сити за него плати дури 60 милиони евра, а јасно е дека ќе мора да го пуштат за помала сума или на позајмица.

Нуњес ја прифати идејата да си замине, а останува да видиме кој ќе му испрати најдобра понуда. Се споменува дека Диего Симеоне со задоволство би го довел на позајмица до следното лето, но Атлетико прво би требало да се ослободи од некои други играчи како Томас Лемар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни