Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Снукер спектакл: Фу обезбеди финале со максимален брејк, доби уникатни овации од публиката (Видео)

Објавено

на

Снукер елитата деновиве беше фокусирана на што подобар настап на престижниот Мастерс во Хонг Конг, а домаќините обезбедија перфектна организација во амбиент кој овозможи присуство на поголем број фанови од вообичаеното.

За Марко Фу ова беше одлична комбинација, бидејќи како домашен натпреварувач успеа да стигне до полуфиналето, а утринава таму успеа да го победи потрофејниот Џон Хигинс.

Фу и Хигинс одиграа максимални 11 фрејма, а во решавачкиот издоминира Фу, кој не само што си обезбеди финале, туку тоа го направи со максимален брејк од 147 поени.

Ваквата перфектна завршница беше наградена со уникатни овации од публиката, нешто што предизвика многу позитивни реакции во светот на снукерот, вклучувајќи го и Џад Трамп кој беше запрен од Хигинс во четвртфиналето.

За Фу ова е петти максимален брејк во кариерата, а во финалето ќе игра против подобриот од соочувањето на Рони О’Саливен и Нил Робертсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни