Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Снукер шампионот се врати на победничките патеки

Објавено

на

Минатогодишниот шампион на Македонија во снукер, Берат Јашари, триумфираше на вториот турнир од Националното првенство за 2022 година, што викендов се одржа во „Гран Клуб Снукер Арена“.

Со овој триумф тој успеа да ја подигне самодовербата пред настапите на Европското првенство во Албанија кои следуваат веќе идната седмица. Воедно, сите четири репрезентативци на Македонија што ќе играат во Шенгин, овој викенд беа дел од полуфиналните дуели и со тоа недвосмислено докажаа дека се најдобрите во Македонија во снукер во овој момент, па заслужено ќе патуваат Шенѓин за една недела.

До овој турнир водечкиот Панов, и второрангираниот Сипковски, како и Јашари, како трети, и Ставриќ кој киксна минатиот турнир не поминувајќи ја групната фаза, завршија првопласирани по групната фаза без изгубен меч. Во четвртфиналињата вкрстија со второпласираните во групите. Единствено Панов немаше проблеми и го декласира Матоски со 2 спрема 0 и не му дозволи уште едно полуфинале на повретникот во македонскиот снукер. Сипковски го победи пријатното изненадување од Куманово Хусамедин Бајрами со 2 спрема 1. Малку поголем проблеми имаше Ставриќ со Ѓурчиновски кој се врати по 0 1 и го освои одлучувачкиот фрејм. Додека Јашари исто така мораше да игра одлучувачки фрејм со играчот од Кавадарци Маријан Ризов, кој во вториот фрејм покажа изворедна игра и најави дека во наредните турнири ќе биде претендент за повисоки пласмани.

Сепак најдоброто следуваше во полуфиналето. Панов со изедначени прв и трет фрејм го победи Ставриќ со 3 спрема 0 и се пласираше втор пат по ред во финалето. Второто полуфинале беше понеизвесно во првите 2 фрејма. Поведе Берат со агресивна игра во првиот фрејм, па популарниот Сипе со напаѓачки стил изедначи во вториот фрејм. Следните два беа во знакот на младиот Кумановчанец и со највисок брејк од 45 поени најави дека е расположен за добра игра и надигрување во финалето со Петар Панов.

Финалето започна со убедлива игра на Панов во првиот фрејм и како само да го предизвика Јашари во следните 3 фрејма со неколку плус 30 брејкови да покаже колку може да биде опасен во брејк билдинг играта и да го исфрли од игра противникот. Последниот четврти фрејм по мало отпуштање на Јашари во фаза кога имаше високо водство, даде простор на Панов да се врати резултатски, но и да внесе малку поголема неизвесност и нервоза кај двајцата. Панов успеа да се сконцентрира и поврати на масата и да се приклучи резултатски кон мечот. И двајцата по неколку промашени црни топки, сепак на крај Јашари остане поприсебен и го заврши фрејмот и мечот со внесување на одлучувачката црна.

По одигранпто второ коло Панов, останува на првото место, втор е Јашари , а трет Сипковски. Од вторник започнуваат настапите на нашите репрезентативци на Европското првенство со настап на јуниорот Блендијан Ќазими, за од 13ти да настапат и нашите 4 сениори. Да потсетиме дека ова е втор настап на наши играчи на Европско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни