Сноубордер со две олимписки злата: Погледнете како заработив 62 конца на лицето (Видео)

shon-vajt

Сноубордингот е спорт кој ужива голема популарност изминатата деценија, а тоа го докажува и фактот што најдобрите спортисти имаат можност да се борат и за олимписки медал во неколку екстремни дисциплини.

Американецот Шон Вајт е освојувач на два златни медали од зимските олимпијади во Торино и Ванкувер, а со посредство на американските медиуми, објави специјално видео на која директно открива што точно се случило во несреќата која ја доживеа на тренинг при крајот на минатата година, а поради која заврши со 62 конца на лицето и набиена коска на носот.

– Никогаш од мене не излегла толку крв, – признава Вајт кој се врати на терените по само два месеци и веќе се подготвува за настап на ЗОИ во Пјонгчанг.

Facebook Коментари