Поврзете се со нас

Германија

Снежен хаос во Минхен: Федерацијата го одложи натпреварот на Баерн Минхен и Унион Берлин

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен и Унион Берлин денеска требаше да се соочат во натпревар од Бундеслигата, но средбата е одложена за во засега непознат термин.

Лошите временски услови и сообраќајниот хаос во Минхен влијаел за донесување на непопуларната одлука на Германската фудбалска федерација, а истата ја потврдија и двата клуба, учесници и во Лигата на шампионите.

Снегот предизвика хаос на патишата, во железничкиот сообраќај, но и на аеродромите, па така во Минхен се откажани многу летови, додека останатите ќе пристигнат подоцна на своите планирани дестинации.

Засега е непознато кога би се одиграл овој натпревар.

Во Бундеслигата денеска треба да се одиграат уште четири натпревари, за кои нема најава за евентуални компликации од ваков вид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни