Поврзете се со нас

НБА

Снајперистот Кари ја „изрешета“ Оклахома (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/warriors

Многумина очекуваа Голден Стејт да биде во долниот дел од табелата по заминувањето на Клеј Томпсон, но првите 10 натпревари во новата сезоната покажуваа дека „воините“ не се за потценување.

Голден Стејт утрово го поправи својот ефект на 8:2 и до осмата победа стигна на тешкото гостување кај Оклахома, тим кој исто така има само два порази досега.

Гостите беа предводени од својот најдобар играч Стеф Кари, кој уште еднаш на дело демонстрираше зошто важи за најдобар шутер на сите времиња.

Кари беше максимално расположен за игра и се прикажа во најубиствен можен стил, испорачувајќи 37 поени во кошот на домаќините.

Стеф беше незадржлив и погодуваше од сите позиции, а посебно атрактивни беа седумте тројки кои ги уфрли во победата од 116:127.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни