Поврзете се со нас

НБА

„Снајперистот“ Кари испиша историја со нов тројкашки спектакл и го мина легендарниот Вилт! (Видео)

Објавено

на

Стеф Кари постави нови стандарди во НБА лигата кога е шутерската позиција во прашање, а тоа продолжува да го демонстрира и во сезоната во која се врати на паркетите после тешка повреда на раката.

Неверојатниот шутер на Голден Стејт имаше историска вечер во НБА лигата, бидејќи со својот тројкашки спектакл успеа да го урне силниот Денвер, но истовремено, стана најдобар поентер во историјата на „воините“. Со фантастичните 53 поени против Нагетси, Стеф го мина неповторливиот Вилт Чембрлен на вечната листа како најдобар стрелец во франшизата со 17.783 поени.

Кари ја мина оваа граница со својот 19-ти поен на натпреварот, а потоа продолжи да решета во кошот на Денвер и како вистински „снајперист“, испорача десет тројки. Според многумина, Стеф е најдобриот шутер на сите времиња, а во прилог му одат и бројките кои велат дека ова беше рекорден 18-ти натпревар на кој постигнал барем 10 тројки во текот на четири четвртини.

Покрај 53-те поени, во победата од 116:107 придодаде и 7 скокови и 4 асистенции, додека во противничкиот табор, стандардно најдобар беше Никола Јокиќ со 27 поени, 12 скокови и 8 асистенции.

На останатите НБА паркети, Далас на домашен терен претрпе пораз од Филаделфија (95:113), Лејкерси загубија од Њујорк 111:96, Сан Антонио врза втора победа со триумфот над Орландо од 120:97, Мемфис беше подобар од Чикаго (101:90), Сакраменто капитулираше во Њу Орлеанс со 117:110, Јута претрпе неочекуван пораз на домашен терен од Вашингтон (121:125), а програмата беше затворена со победата на Феникс против Хјустон (126:120).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни