Поврзете се со нас

Италија

Снајдер за Лаутаро: Ако сака да си замине од Интер…

Објавено

на

Лаутаро Мартинез е еден од играчите за кој најмногу се зборува во изминатиов период, изминативе месеци, а причината за тоа е неговиот можен трансфер во таборот на Барселона.

Каталонците веруваат дека Лаутаро е играч со кој долгорочно ќе го решат прашањето во нападот, односно на позицијата „деветка“ која во моментов ја држи Луис Суарез, меѓутоа тој полека навлегува во втората половина на четвртата деценија и поради тоа шпанскиот великан бара долгорочна замена за него.

Сепак Интер има тврд став и бара активирање на откупната клаузула од 111 милиони евра за Аргентинецот и останува отворено прашањето како Барселона ќе дојде до оваа бројка, со тоа што една од можностите е да бидат пари+ифрачи со која ќе го натера калчолигашот да каже „ДА“.

Холандскиот ас Весли Снајдер проговори на оваа тема и според него најдобро за Мартинез е да остане на „Џузепе Меаца“.

-Тој е многу добар, но мора да остане во Италија. Тој може да стане еден од најдобрите, но прво треба да освои нешто со „нероаѕурите“.

-Има момент во кој може се да се направи. Секако дека може да игра во Барселона, ама ако одлучи да си замине би сакал да се пресели во Реал Мадрид, -рече Снајдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни