Свет
Снајдер со жестоки критики за играчите на Ајакс: Исфрлете го Тадиќ, Санчез и Алварез немаат поим од фудбал

Некогашниот прославен холандски фудбалер, Весли Снајдер ја коментираше ситуацијата во редовите на Ајакс, тим кој се наоѓа во тешка резултатска криза.
„Копјаниците“ испаднаа од Лигата на шампионите, а во првенството немаат победа веќе седум кола со ред, а чашата ја прели последното реми со Волендам (1:1).
Ајакс е на 5. место на првенствената со седум бодови заостанување зад Феенорд кој во моментов е лидер во холандскиот шампионат. Тоа значеше и крај за досегашниот тренер Алфред Шројдер кој заработи отказ, а од Ајакс веќе се во потрага по негова замена.
Весли Снајдер уште од сега упати совет до новиот тренер кој треба да пристигне во клубот, веднаш да го исфрли Душан Тадиќ од првиот тим и би го вратил Баси.
– Што јас би променил? За почеток од тимот би го исфрлил Тадиќ. Би го вратил отпишаниот Калвин Баси и полека би почнал да ја враќам самодовербата во тимот.
– Не сум фан ниту на Жорге Санчез ни Едсон Алварез. И двајцата немаат поим од фудбалот, -изјави остриот Снајдер.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……