Снајдер се пензионираше пред две недели, а денес изгледа како да е двојно поголем (Видео)

snajder-utrehy

Весли Снајдер пред само две недели соопшти дека става крај на својата играчка кариера, а изданието во кое се појави на денешниот натпревар на Утрехт стана топ тема на социјалните мрежи.

Легендарната холандска „10-ка“ изгледа далеку поразлично од деновите кога важеше за еден од најдобрите играчи за врска, па дури и од човекот кој до пред само две недели важеше за професионален фудбалер. Снајдер последниот ангажман го имаше за Ал Гарафа оваа година, но очигледно во период од неколку месеци успеал до толку да се здебели, што изгледа речиси двојно поголем.

Весли пред две недели доби директорска функција од Утрехт, а денеска во вип ложата гледаше како неговиот тим губи со 1:2 од Венло во рамките од холандското фудбалско првенство.

Facebook Коментари