Снајдер не се согласува со јавноста и посочи која група е потешка од онаа на Барселона, Интер и Тотенхем

wesli-izvlekuva

Весли Снајдер беше дел од вчерашната церемонија на УЕФА во Монако и експресно даде свое мислење за тоа кои два тима имаат најголеми шанси за освојување на титулата во Лигата на шампионите, но од друга страна пак, излезе со поинаква изјава во однос на „групата на смртта“.

Светската спортска јавност ја нагласи групата Ф како „група на смртта“ поради тоа што во истата се најдоа Барселона, Интер и Тотенхем, но Снајдер смета дека една група е потешка од оваа и со изјавата наиде и на одреден сеир кај фудбалските фанови.

– Групата А е навистина тешка. Реал Мадрид, ПСЖ и Галатасарај е навистина тежок ждреб, но исто така и добар поради тоа што ќе гледаме добри натпревари. За мене ова е најтешката група, но тоа е добро за фудбалот. Сакаме да гледаме елитни натпревари, – порача Снајдер кој смета дека Галатасарај може да им направи проблем на Реал и ПСЖ.

 

 

 

Facebook Коментари