Лига на шампиони
Снајдер не е импресиониран од двете ремек-дела на Рајс, објасни и зошто

Деклан Рајс постигна два страшни погодоци од слободен удар и самиот призна дека тоа била најдобрата и најубавата фудбалска ноќ во неговата досегашна кариера, а додека англискиот репрезентативец наиде на огромни пофалби од сите страни, мора да се посочи дека најмалку импресионирани од неговите ремек-дела беа луѓето во холандското студио.
Неколку холандски легенди го посочија Тибо Куртоа како директен виновник за првиот примен гол од Рајс, а додека тој став го делеа Сидорф и Ван Бронхорст, Весли Снајдер отиде чекор подалеку и посочи дека Белгиецот има вина и за вториот погодок.
– При првиот гол се е многу јасно. Живиот-ѕид не беше правилно позициониран, никогаш не смее да му дозволите толку простор на играч кој изведува со десна нога. Голманот не смееше да дозволи такво нешто. Знам дека звучи малку лудо ова што ќе го кажам сега, но навистина е така.
– Добар изведувач на прекини може лесно да постигне гол. Знам дека изгледа тешко, но таа техника е лесна за добар изведувач. Живиот-ѕид беше премногу лево поставен, а недостасуваше и уште еден човек.
– Исто така, Куртоа беше лошо позициониран и за вториот гол. Дистанцата беше голема, а на снимката се гледа дека Куртоа прво направи чекор во десно, што направи да нема никаква шанса да реагира во својот агол. Сето тоа е резултат на пад на самодоверба после првиот примен гол, – порача Снајдер.
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата