Свет
Снајдер: Не беше фер што не ја освоив „Златната топка“ за 2010 година
Весли Снајдер смета дека заслужил да ја освои „Златната топка“ за 2010 година, но вели дека никогаш посебно не жалел што истата му припадна на Лео Меси.
Холанѓанецот освои триплета со Интер во сезоната 2009/10 и стигна до финалето на СП со Холандија, па тврди дека поразот од Шпанија на мундијалот му создава најголема болка.
– Беше малку нефер што не ја освои „Златната топка“, а истата отиде во рацете на Меси.
– Но, не сум човек кој ќе плаче за тоа, секогаш ми биле поважни колективните успеси. Ако треба да бирам меѓу Лигата на шампионите и „Златната топка“, секогаш ќе го изберам трофејот во ЛШ.
– Заслуживме да го освоиме и Светското првенство во 2010 година, но загубивме од Шпанија бидејќи противникот одигра импресивно и го освои трофејот. Пласманот во финалето беше голем успех, но поразот во него се уште ми создава болка, – рекол Снајдер.
Меси таа година беше елиминиран со Барселона од Интер во Лигата на шампионите, но освои 22 проценти од гласовите пред соиграчите Иниеста и Чави, додека Снајдер беше четврти со 14 проценти од гласовите.
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија21 час
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот