Италија
Снајдер издвои еден играч на Аталанта: Тој е многу потценет
Вечерва ќе го дознаеме првиот патник во финалето на италијанскиот Супер Куп и тоа по дуелот меѓу Интер и актуелниот лидер во Серија А составот на Аталанта.
Се очекува да биде интересно, возбудливо иако ако се погледнат последните меѓусебни дуели „нероаѕурите“ лесно се справуваат со составот од Бергамо, но секој натпревар е посебна приказна, ова е борба која ве носи на чекор од трофеј и се очекува да биде неизвесно до самиот крај.
Весли Снајдер се знае за кого ќе навива на ова соочување пред кое потенцираше дека Интер има квалитет да биде не само на врвот во Италија туку и во Европа.
-Целиот тим е добар како и секој од најдобрите тимови во Лигата на шампионите, никој не може да тврди спротивното. Средината игра со брзина, знаат да влезат во добри позиции и знаат да шутираат. Тие добро управуваат со своите моменти, што за мене е една од најважните работи во фудбалот.
-Системот се подобрува од година во година, Чалханоглу е лидер во средниот ред, знае каде се соиграчите со затворени очи. Барела и Мхитарјан повеќе комбинираат со крилните играчи. Потоа кога некој ќе се откаже, тука се Фратези и Зиелински, -рече Холанѓанецот кој избра, издвои еден играч на Аталанта.
-Имаат многу силни напаѓачки играчи, но ќе ви го кажам името на Холанѓанецот: Де Рон е премногу потценет. Тој е играчот од средниот ред што секој би сакал да го има затоа што носи рамнотежа, ви помага ако згрешите, а знае и како да постигне гол. Но, Интер нема да се плаши во средниот ред, тие го имаат практично најдоброто што постои, -порача Весли за „Газета Дело Спорт“.
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија15 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан