Поврзете се со нас

Свет

Снајдер ги избра петте најдобри Холанѓани на сите времиња: Обично не го правам ова…..

Објавено

на

Весли Снајдер стави крај на својата играчка кариера во 2019-та година, играч кој според многумина беше најзаслужен за двата последователни медали на Холандија на светските првенства во 2010-та и 2014-та година.

Снајдер долги години беше еден од најдобрите играчи за врска во светот и ги освои сите важи трофеи на клупски план, но значаен белег остави и во селекцијата на Холандија која сепак немаше среќа да ја освои светската титула во двата обиди со Весли како лидер.

Холандија загуби од Шпанија во големото финале во 2010-та година, додека четири години подоцна, „лалињата“ го освоија третото место на турнирот во Бразил. Говорејќи за фантастичнта генерација на фудбалери кои играше на споменатите два турнири, Снајдер во разговорот за „Тики Така Тузани“ доби задача да ги наброи и петте најдобри играчи на Холандија на сите времиња, избор во кој се стави себеси на петтото место.

Според Снајдер, на врвот треба да биде легендарниот Јохан Кројф, на второто место е неговиот долгогодишен соиграч од селекцијата Арјен Робен, а пред него ги стави уште и Руд Ван Нистелрој и Патрик Клајверт.

– Ќе се ставам себеси на последното петто место. Обично не го правам ова, но сега ќе го направам. Сигурно ќе заборавам многумина многу добри играчи, но затоа во мојот избор има многу играчи од мојата генерација. Останатите не ги гледав многу, но сметам дека Кројф треба да биде на врвот. Сепак, не смее да се потцени и нашата генерација на играчи, – вели Снајдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни