Поврзете се со нас

Италија

Снајдер: Дојде времето на Интер…

Објавено

на

Холандскиот фудбалски ас, Весли Снајдер е оптимист и верува дека Интер може да го освои трофејот во Купот на Италија.

Токму со возвратните полуфинални натпревари во Купот ќе се врати фудбалот во Италија, а Интер ќе има тешка задача да дојде до финалето со оглед на тоа што против Наполи ќе треба да брка победа на „Сан Паоло“, поточна да ја надокнади негативата од 1-0.

-Се надевам Интер ќе помине понатаму и ќе го освои Купот. Мислам дека дојде времето за да триумфира, -вели Снајдер и додава:

-Има многу малку да се направи [во Серија А]. Јувентус продолжува да биде фаворит за титулата. Тие имаат најдобар тим и се развиваат со секоја сезона. Мислите дека нивната серија е готова, ама тие успеваат да донесат нови играчи кои прават разлика и ги пронајдоа вистинските стимулации да продолжат да победуваат, -рече Холанѓанецот за „Ил Матино“.

Реваншот меѓу Наполи и Интер е закажан за 13 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни