Поврзете се со нас

Европски првенства

Смолинг со коментар за лудиот старт на Кјелини над Сака: Тоа беше ужасно за нас, но…..

Објавено

на

Крис Смолинг ги остави зад себе недоразбирањата кои ги имаше со Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед и нагласи дека со огромно задоволство одново почнал да работи со родениот победник, но покрај тоа што го анализираше пристигнувањето на искусниот португалски стручњак, англискиот стопер говореше и за разочарувањето на Англичаните во финалето на Европското првенство.

Смолинг како играч кој сега настапува во Италија мораше да гледа како неговите сонародници претрпуваат болен пораз на домашниот „Вембли“, па со оглед на конечниот епилог кој го видовме во неделата, според Крис, до израз дошло многу поголемото искуство на Италијанците во клучните ситуации од натпреварот.

– Италија има играчи како Кјелини и Бонучи. Тие можеби не се фудбалски најнадарени, но кога е во прашање искуството и брзото работење на мозокот во дадени ситуации, тие се поразлични од сите други дефанзивци. Кјелини дури е постар од Бонучи, но заедно се имаат соочено со толку тешки ситуации и навистина знаат како да се справат со нив.

– Најдобар доказ се првите 25 минути од финалето, се доби впечаток дека Англија може да оди на 2:0 или 3:0 преку полу шанси, но искусните играчи на Италија знаеја како да го изменаџираат тоа и останаа во игра. Знаеја како да се држат во тешките моменти, а потоа имаа повеќе од играта и топката ја имаа во свој посед, – анализира Смолинг во интеврјуто за „Телеграф“ во кое го искоментира и лудиот старт на Кјелини над младиот Букајо Сака во самата завршница од регуларниот дел на финалето.

– Тоа беше нешто посебно, дефинитивно. Тоа беше ужасно да се гледа како англиски фан, но ако улогите беа изменети, јас би го направил истото како Кјелини во последните моменти од мечот, – порача Смолинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни