Поврзете се со нас

Италија

Смолинг се огласи по разбојничката драма во неговиот дом (Фото)

Објавено

на

Крис Смолинг нема по добро да го памети пласманот на Рома во полуфиналето во Лигата на Европа, од едноставна причина што истата вечер доживеа вистинска разбојничка драма во својот дом.

Стоперот кој не можеше да игра против Ајакс поради повреда на коленото ја минал цела ноќ во својот дом, а потоа во раните утрински часови бил присилно разбуден од разбојници кои влегле во куќата.

Англискиот дефанзивец под закана од оружје бил приморан да го отвори сефот и да им даде вредни работи на тројцата крадци кои ги вознемириле неговата сопруга и неговиот двегодишен син, па откако доби многу пораки за поддршка во изминатите 48 часа, се огласи и самиот тој на Твитер.

Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот

– Ви благодарам на сите на убавите желби и поддршката. Моето семејство е навистина преплашено и за среќа никој не е повреден, – порача Смолинг кој имаше порака и за крадците.

– Се надевам дека овие лица ќе ја пронајдат смислата на животот без на други да предизвикаат штета и вознемиреност кај други, – се надополни стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни