Поврзете се со нас

Италија

Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот

Објавено

на

Рома вчера на доста тежок и драматичен начин избори реми против Ајакс и се пласираше во полуфиналето во Лигата на Европа, но додека играчите кои беа актери на „Олимпико“ имаа повод за славје, Крис Смолинг имал кошмарна ноќ во италијанската престолнина.

Поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед не беше во комбинација за настап против Ајакс поради проблеми со коленото, но ноќта во која си легнал со помисла да се опорави за полуфиналето во Лигата на Европа, се претворила во вистински криминалистички филм за него и неговото семејство.

Домот на Смолинг во Рим бил ограбен во четири ипол часот наутро додека тој спиел во својата соба со сопругата, а крадците кои биле со црни наметки на главата биле вооружени и го разбудиле дефанзивецот на Рома.

Како што пренесува угледната „Газета“, Смолинг не давал никаков отпор и под закана со оружје мора да го отвори сефот во својот дом, од каде крадците земале скапоцени ролекс часовници и скап накит и вредни работи.

Смолинг во домот бил со својата сопруга и двегодишниот син, а откако крадците си заминале, тој повикал полиција во пет часот наутро, по што службениците од Рим сега го истражуваат случајот и започнале потрага по ограбувачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни